Ѓорческа ја дозна првата противничка во квалификациите за Австралија опен

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа настапот на квалификациите на Австралија Опен во Мелбурн ќе го почне против полската тенисерка Катарина Кава. Ривалката на Ѓорческа има 31 година и се наоѓа на 197. то место на ВТА ранг-листата во поединечна конкуренција, додека во двојки е рангирана на 115. то место.

Пред заминувањето за Мелбурн Ѓорческа истакна дека е задоволна од резултатите во претходната година, кои воедно и овозможија настап на Австралија опен, воедно плановите за оваа година е настап на сите четири гранслем турнири, како и да се обиде да подобри својот пласман (најдобар ранг во кариерата и е 170. место остварен на 12. јуни 2017 година).

Мечот Ѓорческа – Кава е планиран да се игра во вторник.

Се вчитува...