Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа го почна настапот на ИТФ фјучрсот во Куршумлијска Бања. Таа во втората рунда (беше слободна во првото коло бидејќи е 13. носителка) ја победи Германката Луиса Мејер ауф дер Хеиде со 2-0 во сетови (7-6(5) и 6-0) за нешто повеќе од 90 минути.
Во првиот сет се водеше голема борба. Ѓорческа поведе со 4-1 во гемови, но потоа ривалката направи серија од четири гема за водство од 5-4. Сепак Ѓорческа освои два гема за водство од 6-5, а потоа стигна и изедначувањето од 6-6 и сетот беше решен во тај брејк. Во 13. гем Лина имаше две серии по два понеа што се покажа како клучно за 7-5 на поени и водство од 1-0 во сетови.
Во вториот сет Ѓорческа направи три брејка од четирите можности, а на противничката и дозволи да освои само 10 поени, од кои четири во последниот гем и со 6-0 македонската тенисерка го доби вториот сет и мечот.
Во следната рунда (осминафинале) македонската тенисерка ќе игра против првата носителка Пана Удварди од Унгарија (25 години, 135.место на ВТА листата). Ова ќе биде втор меѓусебен дуел, а во првиот Ѓорческа пред две години оствари победа од 2-0 во сетови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА