Ѓорческа ја победи поранешната светска тенисерка број 1, Плишкова, на ВТА Челинџерот во Турција!

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја запиша можеби една од најголемите победи во својата кариера против тенисерка која била и светски рекет број еден во кариерата.

Ѓорческа на ВТА Челинџерот во Самсун, Турција, кој се игра за награден фонд од 115.000 долари во 1/16-фибналето славеше во два сета против Каролина Плишкова од Чешка која претходно во својата кариера во еден момент беше и најдобра светска тенисерка.

Ѓорческа триумфираше во два сета, со 6-4 и 6-3 за еден час и 15 минути, па пласирајќи се во осминафиналето на турнирот.

Се вчитува...