Ѓорческа ја прегази и Ружиќ за титула на турнирот во Србија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го освои првиот трофеј во 2023 година откако славеше на турниот во Куршумлијска бања, Србија поразувајќи ја хрватската тенисерка Антонија Ружиќ со 2-0.

Ѓорческа двата сета ги доби со 6-3, потврдувајќи ја фантастичната форма која ја прикажа во текот на целиот турнир кај нашиот северен сосед.

За Македонката тоа е вкупно 13. титула во сингл конкуренцијата. Последната беше во ноември претходната година кога триумфираше на турнир во Грција.

Се вчитува...