Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа утре (12 јануари) ја очекува настап во квалификациите за Австралија опен. Таа во првата рунда од квалификациите ќе игра против четвртата носителка, 23-годишната тенисерка од Австрија Сиња Краус, која се наоѓа на 108. место на ВТА листата.
Мечот е планиран да се игра како последен на теренот број 12 што значи во попладневните часови во Мелбурн, а утрински по македонско време.
Ѓорческа неколку дена е во Мелбурн каде се прилагодуваше на временските услови, кои во одредени делови од денот достигнуваа и над 40 степени, што секако може да биде пречка за сите учесници на Австралија опен.
Македонската тенисерка по третпат учествува на квалификациите на Австралија опен, а најдобриот резултат го имаше во 2017 година кога стигна до третото квалификациско коло и беше на чекор од влез на главниот турнир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

