Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во големото финале на турнирот во Осиек, Хрватска откако во полуфиналниот меч против Илинка Далина Амарие славеше со 2-0.
Изедначениот прв сет и припадна на Македонката со 7-5, а отпорот на Романката беше надминат со победа од 6-4 во вториот сет.
Ѓорческа во финалето ќе се сретне со подобрата од мечот меѓу Анка Алексија Тодони и Тена Лукас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

