Ѓорческа лесно до четвртфинале на турнир во Чешка

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа лесно ја помина првата пречка на ИТФ фјучрсот во Чешка.

Тетовчанката натурнирот вреден 60.000 американски долари во осминафиналето славеше против Германката Анџелина Виргезе со максимални 2-0 по сетови 6-4 и 6-2.

Во четвртфиналето таа за противник ќе ја има Габриела Ли од Германија.

Се вчитува...