Ѓорческа лесно до полуфиналето во Анталија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во полуфиналето на ИТФ фјучерсот вреден 15.000 долари во Анталија, Турција.

Во четвртфиналната пресметка Ѓорческа повеќе од убедливо со 6-1, 6-2 славеше против петтата носителка, Петја Аршинкова од Бугарија.

Ѓорческа заедно и со Мариана Дражиќ од Хрватска ќе играат во полуфиналето во игра на двојки против третите носителки Дурст и Гашпар.

Се вчитува...