Македонската тенисерка Лина Ѓорческа, скокна за едно место на најновата ВТА ранг листа. Нашата најдобра тенисерка се најде на 181 позиција на светскиот ранкинг.
31-годишната Ѓорческа сега е на 11 места од нејзиниот најдобар пласман, во 2017 година кога беше 170-та тенисерка на светот.
На ВТА листата и натаму лидерка е Арина Сабаленка. Вторпласирана е Ига Швјонтек, додека третото место е резервирано за Елена Рибакина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

