Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на фјучрсот во Загреб штп се игра за награден фонд од 60.000 долари. Поуспешна од неа беше осмата носителка Селена Јаничијевиќ од Франција која со 2-0 во сетови (63 63) за 81 минута славеше победа над Ѓорческа. Очигледно долгиот меч од вчера доцна попладне и доцниот крај може да бидат една од причините за поразот на македонската тенисерка.
На стартот од мечот Ѓорческа направи брејк за водство од 1:0, но противничката потоа имаше серија од четири гема за водство од 4:1 и набрзо потоа сетот го заврши со 6:3 во гемови. Во вториот сет повторно брејк на стартот, но тоа беше водство за Јаничијевиќ, сепак Лина врати со ри-брејк, а потоа водеше со 2:1 и 3:2 во гемови,потоа следеше нова серија од четири гема со два брејка за француската тенисерка која и вториот сет го доби со 6:3 во гемови и избори пласман во четвртфиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

