Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа го заврши својот настап на првиот гранд-слем турнир во сезоната откако по голема борба во 1. квалификациско коло загуби од Полјачката, Катаржина Кава со 2-1 по сетови 5-7, 6-4 и 6-3.
Тетовчанката навистина може да жали што не ја заврши целата работа во два сета бидејќи во првиот сет по почетните 3-0 за противничката, нашата тенисерка на два пати правеше брејк (3-4 и 4-5), но и покрај што сервираше за освојување на првиот сет не успеа да стигне до него.
Откако еден бреј беше доволен за вториот сет (4-6), следеше голема борба во одлучувачкиот во кој на крајот како подобра се покажа Полјачката која веќе два пати има учествувано во главните турнири на гранд-слемите (УС опен 2020 и Вимблдон 2022).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

