Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши својот настап на ИТФ фјучрсот во српска Куршумлијска бања откако во трилер меч во три сета загуби од Австријката, Лили Тагер.
Натпреварот кој траеше 2 и пол часа австриската тенисерка го доби со 2-1, по сетови 6-3, 5-7 и 7-6. Двете тенисерки одиграа израмнет меч во кој разликата ја направи само еден поен откако во одлучувачкиот тај-брејк Тагер славеше со 7-5.
И покрај поразот во четвртфиналето се очекува нов напредок на ВТА листата на нашата тенисерка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

