Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, обезбеди пласман во полуфиналето на ИТФ турнирот во Порто (Португалија).
Денеска таа со 2-0 (7-6, 6-3) во сетови ја совлада грчката тенисерка Деспина Папамичаил, 159. на ВТА листата. Првиот сет беше изедначен и стигна до тај-брејк, каде Ѓорческа беше убедлива и го доби со 7-1, поведувајќи со 1-0.
Во вториот сет Македонката трипати го одзеде сервисот на противничката, додека еднаш го загуби својот, што беше доволно за конечна победа. За место во финалето, Ѓорческа утре ќе се соочи со Американката Фиона Кревли (227. на ВТА), седма носителка на турнирот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

