Ѓорческа подобра за четири позиции на последниот ВТА ранкинг

Лина Ѓорческа продолжува со напредокот на ВТА ранг листата. Најдобрата македонска тенисерка забележа скок од четири места во однос на претходната недела и во моментот се наоѓа на 235. место.

Магдалена Стоилковска пак забележа пад за една позиција и се наоѓа на 1212. место.

Во машка конкуренција нашите тенисери Калин Ивановски (345), Горазд Србљак (1069) и Обрад Марковски (1609) остануваат на своите позиции.

Се вчитува...