Ѓорческа поразена и во двојки на фјучрсот во Копер

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа откако беше елиминирана од Романката Миту во сингл конкуренција таа го заврши и својот настап во конкуренција на двојки на ИТФ фјучрсот во словенечки Копер.

Ѓорческа заедно со својата партнерка Вероника Ерјавец загуби во првото коло со максимални 2-0, по сетови 6-1 и 6-4 од австралиско/холандската двојка Сузан Ламенс и Кајла Мекфи.

 

Се вчитува...