Ѓорческа поразена на стартот на фјучрсот во Копер

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ фјучрсот во словенечки Копер откако денеска во трилер натпревар во три сета загуби од Романката Кристина Андреа Миту.

Македонката на фјучрсот вреден 60.000 американски долари со 2-1, по сетови 1-6, 7-5 и 4-6. Во третото коло Миту за противник ќе ја има подобрата од дуелот меѓу Французинката Женжен и домашната тенисерка Фалкнер.

Ѓорческа денеска ќе го одигра својот меч и во игра на двојки каде во првото коло заедно со нејзината партнерка Вероника Ерјавец од Словенија ќе се сретне со холандско-австралискиот пар Ламенс/Мекфи.

Се вчитува...