Македонската тенисерка Лина Ѓорческа загуби во првото коло од квалификациите на гранслем турнирот Вимблдон. Таа доживеа пораз од 2-0 во сетови од првата носителка во квалификациите, Србинката Александра Круниќ.
Ѓорческа даде солиден отпор, меѓутоа не успеа да стигне до можност да освои сет. Првиот го загуби со 6-4 во гемови, а Круниќ на идентичен начин го доби вториот сет, со 6-4 во гемови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА