Ѓорческа поразена во четвртфиналето на турнирот во Астана

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во четвртфиналето на ИТФ турнирот вреден 40.000 долари во Астана, Казахстан.

Ѓорческа загуби во два сета од 22-годишната Русинка, Анастасија Тихонова со 3-6 и 5-7.

Во вториот сет македонската тенисерка имаше предност од 5-2, но следеше неочекуван пад во играта и дозволи да го загуби со 5-7.

Се вчитува...