Ѓорческа поразена во четвртфиналето на турнирот во Мадрид

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа го заврши својот настап на силниот Челинџер турнирот кој се игра во главниот град на Шпанија, Мадрид.

Нашата тенисерка на денешниот натпревар немаше шанси против расположената Италијанка, Лиса Пигато која славеше со максимални 2-0, по сетови 6-4 и 6-2.

И покрај денешниот пораз Ѓорческа ќе напредува на новата ВТА листа во понеделник, каде сега се наоѓа на 199 место.

 

Се вчитува...