Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ фјучрсот кој се игра во словенечкиот град Марибор.
Ѓорческа во полуфиналето на турнирот беше сопрена од хрватската тенисерка Антонија Ружиќ која е втора носителка со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 6-2.
И покрај поразот во полуфиналето нашата тенисерка ќе забележи напредок од девет места на ВТА листата, каде од понеделник ќе биде 285. тенисерка во светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА