Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот во двојки на турнирот во Грузија откако денеска со својата партнерка Екатерини Горгодзе загубија од Рутаје Босале од Индија и Пеги Мари Хуриган од Нов Зеланд.
Индиско/новозеландската двојка од Ѓорческа и Горгодзе беше подобра со максимални 2-0, по сетови 7-6 и 6-3.
Турнирот во грузискиот град Лопота се игра за вкупен награден фонд од 40.000 американски долари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

