Македонската тенисерка не успеа да ја мине втората пречка на W125 турнирот што се игра во турскиот град Самсун. Таа денеска загуби од Софија Костулас од Белгија со 2-0 во сетови (6-1 и 6-4) за 81 минута.
Ривалката која е 165. на ВТА листата во првиот сет ја потврди фаворитската улога (осма носителка) и го доби со 6-1 во гемови со два брејка. Во вториот сет Костулас направи брејк за водство од 2-1 во гемови и таа предност ја зачува до крајот на мечот.
Лина Ѓорческа за настапот во второто коло ќе освои 15 поени и парична награда од 2.000 долари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

