Ѓорческа пропушти голема шанса за освојување на првиот сет, па загуби во првото квалификациско коло на УС Опен

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа загуби во првото квалификациско коло на УС Опен од Јулија Риера од Аргентина со 2-0 во сетови 7-6(4) и 6-3.

Лина одлично го почна мечот со извонредна шанса да го освои првиот сет. Имаше предност од 3-0, беше и 4-1 за македонската тенисерка, но потоа следуваше пад во играта. Риера направи серија од 5-1 и поведе со 6-5. Следниот гем го доби Ѓорческа, по што сетот се решаваше во тајбрејк. Во тајбрејкот Аргентинката беше подобра со 7-4.

Во вториот сет беше нерешено со до 3-3, но во осмиот гем Риера направи брејк по што го приведе мечот кон победа.

Се вчитува...