Ѓорческа против Американката Викери во првото коло од квалификациите за Вимблдон

Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа утре го игра мечот од првото коло од квалификациите на Вимблдон против Американката Саша Викери, која е рангирана како 29-та носителка во квалификациите.

Ривалката на Ѓорческа има 29-години и се наоѓа на 138.то место на ВТА листата, а на Вимблдон има две учества на „главниот турнир“ – 2018 година играла и во второто коло, а ова ќе и биде осмо учество во квалификациите.

За Ѓорческа ова ќе биде втор настап во квалификациите на Вимблдон по оној во 2017 година, a оваа година досега настапи и на првите два Грен слем турнири – Австралија опен и Ролан Гарос.

Мечот меѓу Ѓорческа и Викери се игра на теренот број 9 и е прв на програмата, а почетокот е во 11 часот по локално време односно 12 по македонско време.

Се вчитува...