Ѓорческа реди победи на ИТФ-турнирот во Рим

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во четвртфиналето на ИТФ турнирот W75 Рим. Нејзината противничка Кристина Дину од Романија го предаде мечот при водство на Ѓорческа од 1-0 во сетови и 2:0 во гемови во вториот сет.

Ова беше седми меѓусебен дуел на овие две тенисери, а Ѓорческа сега има предност од 5:2 во добиени меча и притоа има серија од пет победи.

Мечот траеше 48 минути, а Ѓорческа имаше целосна контрола при што успеа да спаси и шест брејк топки, а имаше и четири брејка од пет прилики.

Утре во четвртфиналето Ѓорческа ќе игра со Варвара Лепченко (САД, 4 носителка), која славеше со 2-0 во сетови во дуелот со швајцарската квалификантка Сузан Бандекин.

Се вчитува...