Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра во полуфиналето во конкуренција на двојки на ИТФ фјучерсот во Баја, Унгарија кој се игра за награден фонд од 25.000 долари.
Ѓорческа заедно со Вивиен Јухазова (Словачка) денеска славеа против Бугарките Допалова/ Аршиникова со 6-1, 7-6, па во полуфиналето ги очекува пресметка со првите носителки Река-Луца Јани (Унгарија) и Лара Салден (Белгија).
Во поединечна конкуренција Ѓорческа доживеа пораз во второто коло од Петја Аршиникова во три сета, со 0-6, 6-4, 6-7.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА