Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се откажа од настапот во четвртфиналето во игра на двојки на ИТФ Фјучерсот вреден 75.000 долари во Марибор, Словенија.
Ѓорческа се откажа од настапот во двојки затоа што ќе мора да игра во четвртфиналето во поединечна конкуренција токму против својата партнерка Мариам Болквадѕе. Па, и двете се откажаа од заедничкиот настап во четвртфиналето во двојки.
Македонската тенисерка и Болквадѕе во четвртфиналето требаше да играат против дуото Белгравер и Радванска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА