Ѓорческа се пласираше во полуфиналето на турнирот во Романија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа, успеа да се пласира во полуфиналето на турнирот во Слобозија, Романија откако денеска ја совлада нејзината противничка Чириќ-Багариќ од Хрватска.

И покрај тоа што имаше негатива по првиот сет (1-6), во вториот и третиот Лина беше супериорна.

Најпрво со 6-1 успеа да го израмни резултатот, а потоа да го добие третиот сет убедливо со 6-0, не оставајќи и простор на Хрватката за некакво изненадување.

Македонската тенисерка во полуфиналето ќе се сретне со Попа од Романија.

Се вчитува...