Лина Ѓорческа продолжува со одличните игри во Куршумлиска Бања, каде македонската тенисерка со новата победа успеа да стигне до пласман во полуфиналето.
Нејзина противничка во денешниот четвртфинален дуел беше Анастасија Золотарева од Русија, битка што Ѓорческа на крајот успеа да ја добие со 2-1 во сетови. Золотарева изненади добивајќи го првиот сет со 4-6, но следеше експресен одговор на Лина, која рутински го доби вториот сет со 6-2.
Решавачкиот сет донесе неочекувани настани на теренот откако првите седум гејма завршија со брејк, Ѓорческа прва успеа да го одбрани сопствениот сервис и поведе со 5-3, на крајот триумфирајќи со 6-4 за пласман во полуфиналето.
Таму најдобрата македонска тенисерка ја очекува дуел со Куламбајева од Казахстан, која моментно се наоѓа на 309. место на ВТА-листата, само една позиција пред Ѓорческа која беше рангирана на 310. место на најновата ВТА-листа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

