Ѓорческа со лесна победа го стартуваше турнирот во Бастад

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со лесна победа го стартуваше ИТФ Челинџерот во Бастад, Шведска кој се игра за награден фонд од 25.000 долари.

Ѓорческа во првото коло славеше во два сета со 6-1, 7-6 (5) против домашната тенисерка Вилда Хенеман.

Во второто коло македонската тенисерка ќе игра против подобрата од мечот меѓу втората носителка на турнирот, Американката Али Клик и Карен Барица од Данска.

Се вчитува...