Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, оствари нов најдобар ранкинг во кариерата иако воопшто не натапуваше на турнирите во текот на изминатата седмица. Таа од 182. се искачи за едно место погоре, па на најновата ВТА листа се наоѓа на 181. позиција, користејќи го падот од единаесет места на Американката Грејс Мин.
Ѓорческа годинава продолжи со одлични настапи, напредокот во нејзината форма е очигледен, а следен предизвик за Македонката би требало да претставува обидот за пласман на Ролан Гарос, преку квалификации за вториот гранслем турнир за оваа календарска година.
Серена Вилијамс останува на врвот на ВТА-листата, пред Кербер и Плишкова, а скок од две места забележа Шпанката Мугуруза, која сега е четврторангирана, пред Цибулкова, Конта, Радванска, Хелеп, Кузнецова и Свитолина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА