Ѓорческа со пресврт до четвртфинале на фјучрсот во Анталија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучрсот кој се игра во турска Анталија.

Тетовчанката во денешниот осминафинален натпревар по пресврт со 2-1 славеше над Унгарката Амариса Тот (4-6, 6-4, 6-4).

Следен ривал на Ѓорческа на турнирот вреден 35.000 американски долари ќе биде Тара Вурт од Хрватска, која е на 417. место на ВТА-листата.

Се вчитува...