Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа по одличните две недели на ВТА турнејата, оствари неверојатен скок од 32 позиции на најновата ВТА листа.
Тетовчанката на листата објавена денеска се наоѓа на 207. место. Можеше да влезе и во топ 200 но поразот во финалето во Букурешт од Лили Тагер ја сопре од овој успех.
Ѓорческа има огромен напредок на ВТА листата последниот месец, ако се знае дека на средината од август се наоѓаше на 355. место. Нејзин најдобар пласман во кариерата е 170. место на кое беше во 2017 година.
Доколку до крајот на годината успее да влезе во топ 200 нашата тенисерка ќе има можност да настапи во квалификациите на Австралија опен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

