Лина Ѓорческа се врати меѓу најдобрите 200 тенисерки на најновата ВТА-листа, а македонската репрезентативка ја потврди добрата форма и со одличното издание на стартот од турнирот во Порто.
Таму Лина за противничка ја имаше Илина ин-Албон, која беше совладана за само 76 минути игра со убедливи 6-2, 6-3. Првиот сет мина во супериорно изданиа на Ѓорческа, на почетокот од вториот противничката од Швајцарија прва направи брејк, но следеше нова серија на Македонката која се погрижи без загубен сет да обезбеди пласман во следната рунда.
Македонката во осминафиналето ќе игра против Германката Настасја Шунк, моментно на 365. место на ВТА-листата. Шунк денеска лесно и убедливо славеше над португалската тенисерка Секеира со 2-0 во сетови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

