Ѓорческа со убедлива победа на стартот на фјучрсот во Србија

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа на убедлив начин го почна настапот на турнирот во Куршумлијска бања.

Таа во првото коло ја совлада Швеѓанката Лиса Зар за час и половина со максимални 2-0 по сетови 6-2 и 6-1.

Ѓорческа за пласман во четвртфиналето на турнирот во Србија ќе се сретне со чешката тенисерка, Ана Сискова.

Се вчитува...