Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа триумфираше во првото коло на фјучрсот во грчкиот град Ираклион, што се игра на земјена подлога за вкупен награден фонд од 40.000 долари. Таа обезбеди пласман во следната рунда откако противничката Романката Александра Игнатик го предаде мечот при резултат 1-1 во сетови и 2:0 во гемови за Ѓорческа во решавачкиот сет.
Неизвесност имаше само во првиот сет кога Ѓорческа поведе со 1:0, а Романката потоа водеше со 1-3 во гемови. На крајот изедначениот прв сет и припадна на Игантик во тај брекот со 7:4 на поени. Во вториот сет комплетна доминација на Ѓорческа која поведе со 5:0, а сетот го доби со 6:1 за изедначување на 1:1. Во решавачкиот сет по водството на Ѓорческа од 2:0 во гемови противничката го предаде мечот. Во вториот и во третиот сет скорот на освоени поени беше 38:10 за македонскат тенисерка.
Во следната рунда (утре) македонската тенисерка ќе игра против ќе игра против квалификантката Софија Рокети од Италија (21 год, 485 место) која денеска со 2-0 во сетови (61 60) ја победи Елена Корокозиди од Грција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА