Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во осминафиналето на челинџерот во Роверто, Италија совладувајќи ја домашната тенисерка Нуриа Бранкацио со 2-0.
Македонската тенисерка го доби првиот сет со 6-4 па славеше со 6-3 во вториот сет.
Ѓорческа за противничка во осминафиналето ќе ја има шпанската тенисерка Алиона Болсова Задоинов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

