Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа го почна настапот на ИТФ турнирот во Ашафенбург, Германија (награден фонд 40.000 долари). Таа во првото коло ја совлада домашната тенисерка Јоси Димс со 2-0 во сетови (6-3 7-6(5)) за 100 минути игра.
Во текот на мечот Ѓорческа имаше подобра реализација на брејк топките 6/8, а нејзината ривалка имаше 5/9 во мечот каде македонската тенисерка освои десет поени повеќе 74-64. Во првиот сет нашата тенисерка имаше предност и сетот го заврши со 6-3 во гемови, додека во вториот сет постојано водеше, но противничката успеваше да изедначи и стигна до тај брејкот. Во 13. гем од сетот Ѓорческа поведе со 4-1 на поени, а потоа и со 6-3 за да ја искористи третата меч топка.
Во следното (второ) коло Ѓорческа ќе игра против втората носителка Тара Вурт од Хрватска, која денеска ја победи Германката Теса Јохана Брокман со 2-0 во сетови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

