Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа со победа го стартуваше настапот на ИТФ фјучрсот кој се игра во словенечки Копер.
Тетовчанката во првото коло на турнирот вреден 60.000 американски долари славеше над Белгијката Мари Беноа со максимални 2-0, по сетови 7-5 и 6-2.
Во осминафиналето Ѓорческа ќе игра со подобрата од мечот меѓу Французинката Селена Јаничевиќ и Екатерине Горгодѕе од Грузија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА