Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на ВТА Челинџерот во Куршумлијска бања, Србија.
Во осминафиналната пресметка Ѓорческа беше подобра од Дарија Астакова. Македонската тенисерка го доби првиот сет со 7-6(8), а при водство на Ѓорческа од 2-0 во вториот сет, руската тенисерка поради повреда го предаде мечот.
Во следното коло Лина Ѓорческа ќе се соочи со Италијанката Зантадески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

