Ѓорческа во четвртфиналето на турнирот во Истанбул

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот вреден 25.000 долари во Истанбул, Турција.

По победата на стартот од турнирот против првата носителка Ирина Кромачева од Русија, македонската тенисерка денеска во 2.коло славеше во три сета и против домашната тенисерка Илај Јорук. Ѓорческа победи со 7-6,5-7,7-5 обезбедувајќи место меѓу најдобрите осум на турнирот во поединечна конкуренција.

Утре во четвртфиналето Ѓорческа ќе се соочи со руската тенисерка Дарија Кружкова.

 

Се вчитува...