Ѓорческа во тежок меч поразена во 1/16-финалето во Мурска Собота

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа загуби во исцрпувачки меч во три сета во 1/16-финалето на ВТА турнирот вреден 75.000 долари во Мурска Собота, Словенија.

Македонската тенисерка беше поразена од 194-та тенисерка во светот, Французинката Леонард Манон и покрај тоа што го доби првиот сет.

Ѓорческа успешно го стартуваше мечот добивајќи го првиот сет со 6-7, но потоа Французинката ги доби следните два сета со 7-5 и 6-2.

Се вчитува...