Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа продолжува со одличните партии на ИТФ фјучрсот во словенечкиот Марибор.
Тетовчанката денеска во трилер меч во осминафиналето по 2 часа и 37 минути славеше над француската тенисерка, Џесика Понше со 2-1 по сетови 6-4, 2-6 и 7-6.
Откако двете тенисерки си поделија по еден сет видовме неверојатна борба во последниот, кој беше одлучен во тај-брејк каде нашата тенисерка славеше со 11-9. Во четвртфиналето Ѓорческа ќе игра против Грузијката, Мариам Болквадзе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА