Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во полуфиналето на 25.000 долари вредниот ИТФ фјучерсот во Киасо, Швајцарија.
Ѓорческа загуби во четвртфиналната пресметка од Катинка Вон Дихман од Лихтенштајн во три сета, со 3-6,6-0,2-6.
За македонската тенисерка сега остануваат уште настапите во игра на двојки. Заедно со Бугарката Најденова, како први носителки, денеска играат во полуфиналето против француско-швајцарската комбинација Жорже/ Суња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА