Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во големото финале од турнирот во Рим, откако македонската тенисерка загуби со 1-2 во сетови во пресметката со Џулија Грабер од Австрија.
Нашата тенисерка слабо влезе во мечот, па Грабер со единствената укажана брејк шанса успеа да го освои сервисот на Лина и да го добие првиот сет со 6-3. Австријката имаше и водство од 2-0 на стартот од вториот сет, но Ѓорческа се разбуди во вистински час, направи пресврт и стигна до израмнување (6-4).
Кога се очекуваше да продолжи во ист ритам во решавачкиот сет, Македонката прикажа премногу осцилации во својот настап. При водство на Грабер од 2-1 таа дозволи противничката да направи брејк и повторно да се одлепи. Ѓорческа веднаш возврати намалувајќи на 3-2, но веднаш потоа повторно го загуби сопствениот сервис, по што на крајот беше поразена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА