Лина Ѓорческа не успеа да избори финален меч на турнирот во Рим, откако денеска во полуфиналето беше поразена од Ралука Сербан од Кипар со 1-2 (во сетови 7-5, 4-6 и 4-6).
И покрај тоа што Ѓорческа добро го почна мечот, дојде до освојување на првиот сет со 7-5, сепак, кипарската тенисерка ги доби вторите два со идентични 4-6, и така се избори за финале.
Ѓорческа на патот до полуфиналето ги совлада Мендез, Куламбајева и Маир, но не успеа да дојде до меч да се бори за пехарот од овој турнир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

