Македонската тенисерка Лина Ѓорчевска, се пласираше во 1/4 финалето на турнирот во Куршумлиска Бања, Србија, откако ја елиминираше првата носителка Пана Удварди од Унгарија со 2-0.
Првиот сет Ѓорческа го доби за 25 минути, откако ја совлада со убедливи 6-0.
Во вториот сет Лина дојде брзо до водство од 0-3, а потоа дозволи противничката да добие два гема по ред, со што намали на 2-3. Меѓутоа Ѓорческа се созеде, заигра како во првиот сет, и го добиот вториот сет со 6-3, за конечна победа.
Во 1/4 финалето Ѓорческа ќе се сретне со Далила Јакупович од Словенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА