Горчливо деби на Иниеста – пораз од тим со три пати помал буџет од неговата плата

Андрес Иниеста имаше кошмарно деби во јапонскиот шампионат, откако неговиот тим Висел Кобе загуби пред своите гледачи од Шонан со убедливи 0-3.

Шпанскиот генијалец влезе во игра во 58. минута при резултат 0-2, но не успеа да го промени очајниот впечаток што го остави целокупниот тим на Кобе, па до крајот беше примен уште еден гол за уште поубедлив неуспех.

Најпоразителен сигурно е фактот дека Шонан ланската сезона ја заврши со буџет од околу девет милиони евра, што е за три пати пониска сума од платата што Иниеста годишно ќе ја заработува во Кобе.

Се вчитува...