ЕКИПА во Малта
Горан Бошев
Селекторот Благоја Милевски по мечот кажа дека е задоволен од тоа како одиграле дебитантите на овие два натпревари.
Димоски и Алими го имаа својот прв настап како првотимци, Елези и Манев низ изминатите два меча потврдија дека и тоа како се иднина на репрезентацијата, па Милевски рече дека сме на добар пат да направиме конкурентен тим кој за следните 5-6 години.
„Ме радува фактот што веќе имаме млада репрезентација која покажува одреден квалитет, да бидеме горди на нив и дека сме на добар пат да направиме еден конкурентен тим кој ќе трае во следните 5-6 години. Новите играчи покажаа дека на нив сериозно може да се смета, горд сум на сите нив“, изјави Милевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА