Гордана Нацева е „виновна“ што РК Вардар освои две европски титули во ракомет! (ВИДЕО)

Најголемите македонски спортистки во историјата, кога е во прашање екипниот македонски спорт, Гордана Нацева и Индира Кастратовиќ гостуваа во најното издание на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК, притоа во прекрасен разговор потсетувајќи се и на сите најславни денови во своите кариери.

Но, Нацева и Кастратовиќ се потсетија и на деновите во ЖРК Вардар, Гордана како едно од водечките лица во раководството на клубот, а Индира како тренер на „црвено-црните“. И во дефинитивно најсветлите години на ЖРК Вардар, со неколкукратно присуство на фајнл-фор турнирот во Лигата на шампионите, сепак, на крај не се успеа да се дојде до европската титула.

За разлика од машкиот тим на РК Вардар кој, пак, иако непланирано, „ни криви – ни должни“, дојде до две европски титули во 2017 и во 2019 година.

„Знаете каде е проблемот што не освоивме титула?“ – ќе ја почне приказната Гордана Нацева, низ смеа, во „ПРЕСИНГ“, веднаш дополнувајќи:

„Јас си зацртав дека Вардар ќе стане шампион. Тоа си го зацртав… Е, сега ова е малиот проблем. Јас не кажав ЖРК. Па двапати станавме со мажите шампиони, кои, пак, не ги планираа, да дојдат до титула“.

„Ете, Гоца е виновна што мажите освоија титула, таа им зацрта“ – низ смеа возвраќа Индира.

„Јас си зацртав со Вардар да станеме шампиони. Тоа ми беше целта. Ама не реков ЖРК. Не кажав. И Вардар стана шампион мажи, двапати. Двапати“ – ќе рече Гордана Нацева.

===========================================
ГЛЕДАЈТЕ ГО ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ СО ГОРДАНА НАЦЕВА И ИНДИРА КАСТРАТОВИЌ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК….

Се вчитува...